„Македонија блокира“ со бесплатен превоз ќе обезбедува масовност на саботниот протест

Од:

„Македонија блокира“ со бесплатен превоз од 10 градови ќе се обиде да обезбеди масовност на протестите што ќе се одржат в сабота пред Собранието. Струга, Охрид, Кичево, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Кочани, Карбинци и Крушево се градовите од каде што ќе поаѓаат автобусите.

Организаторите на социјалните мрежи објавија и контакт-телефони каде ѓто заинтересираните треба да се пријават и информираат доколку сакаат да го користат превозот.

Од „Македонија блокира“ објавија дека сите присутни на протестот ќе добијат зелени елеци. Целта на протестот е распуштање на власта и избори, информираа од инцијативата.

Претставникот на „Македонија блокира“, Драган Угриновски, најави дека 84 партии и организации се вклучени во организацијата, а, пак, протестот ќе се одржи во исто време кога во Собранието ќе се гласа за уставните амандмани.

„Македонија блокира” ја блокираше и границата со Грција, а секојдневно протестираат пред Собранието.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ поднесе листи со кандидати до ДИК

Ландов

Единствена Македонија реагира бидејќи не се поканети на лидерска средба кај Спасовски за коронавирусот

Ландов

Единствена Македонија и Тврдокорни потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за изборите на 12 април

Бачев: ВМРО-ДПМНЕ не прифати коалиција под услов да ги поништиме антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско

Предраг Петровиќ

Единствена Македонија со проект-90 илјади семејства да добијат по еден хектар земјиште

Бачев: Коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ако се согласат на поништување на договорите од Преспа и договорот со Бугарија