„Македонија блокира“ со бесплатен превоз од 10 градови ќе се обиде да обезбеди масовност на протестите што ќе се одржат в сабота пред Собранието. Струга, Охрид, Кичево, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Кочани, Карбинци и Крушево се градовите од каде што ќе поаѓаат автобусите.
Организаторите на социјалните мрежи објавија и контакт-телефони каде ѓто заинтересираните треба да се пријават и информираат доколку сакаат да го користат превозот.
Од „Македонија блокира“ објавија дека сите присутни на протестот ќе добијат зелени елеци. Целта на протестот е распуштање на власта и избори, информираа од инцијативата.
Претставникот на „Македонија блокира“, Драган Угриновски, најави дека 84 партии и организации се вклучени во организацијата, а, пак, протестот ќе се одржи во исто време кога во Собранието ќе се гласа за уставните амандмани.
„Македонија блокира” ја блокираше и границата со Грција, а секојдневно протестираат пред Собранието.
Кристијан Ландов