„Македонија Блокира“: Полицијата брутално реагираше, има повредени демонстранти

Од:

„Македонија-Блокира“ најостро ја осудува синоќешната брутална полициска интервенција врз македонскиот народ кој мирно протестираше пред Собранието во рамките на активностите за спречување на уставните измени со кои се брише се што е македонско, велат од „Македонија Блокира“.

„Во неоснованата, незаконска и нелогична акција на полицијата има неколку повредени. а кај еден од протестантите има кршење на прстите на раката за штои има и видео запис.

Шокирани сме од сознанието дека пред Собранието во најголем дел биле распоредени полицајци – Албанци кои во еден момент тргнаа на народот со тепање и провоцирање дека во скоро време протестантите ќе носат ќечиња.

Го повикуваме министерот Спасовски да се вразуми и да не провоцира оти работите лесно може да излезат до контрола, дотолку повеќе, блокадите продолжуваат до финалната одлука -или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на „Македонија Блокира“.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“