• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: „Македонија блокира“ ја блокираше границата со Грција

by А1он25/11/2018 - 17:2425/11/2018 - 19:26732
Share0

„Ние сме Македонци свои на своето, нема да дозволиме некој што не е Македонец да менува име. Нека си го менува своето. Нема да дозволиме. Ние сме Македонци и тоа ќе останеме. Нема да дозволиме макар да ги дадеме своите животи“, порачаа од „Македонија блокира“, кои предводени од Јанко Бачев од „Единствена Македонија“ вечерва протестираат на граничниот премин со Грција.

Добивај вести на вибер

Тие го попречија патот со автомобил, а дојдоа придружувани со полициско возило. На границата има шестмина полицајци кои на почетокот не дозволуваа да се блокира границата за влез од Грција во Македонија.

Присутните извикуваа „Македонија, Македонија“ и порачаа „ова е наша земја ќе застанеме секаде каде сакаме”.

„Не може Оливер ни некој друг да не сопре“, велат присутните граѓани.

„Или ние ќе застанеме во одбрана или тие ќе го направат она што го наумиле. Јас на Пешевски јасно му кажав дека јас нема да преговарам со предавници. Јасно повикувам на први септември во 12 часот пред Собрание да се собереме и да не се тегнеме додека Зоран Заев не замине од власт“, порача Страшо Олумчев.

Од „Македонија блокира“ која е составена од повеќе организации, порачаа дека тука се дојдени за да се слушне нивниот глас од граничниот премин „Богородица“.

„Ја продолжуваме нашата битка. Одиме пред домовите кај пратениците. Ова е светска битка, оти сакаат да не избришат“, велат присутните.

Тие упатија повик до полицијата: „Не пишувате пријави, не ги малтретирајте граѓаните, бидејќи ова е за вас. Не ја слушајте марионетската власт. Ова е само загревање. Одиме пред Собрание каде ќе останеме до конечна битка“.

„Овде сме на преминот на двете држави. Доста беше. Овој терор и тиранија не можеме да ја издржиме повеќе. Од овој момент почува семакедонскиот отпор се до тргањето на оваа влада. Сите ќе бараме да поднесат неотповиклива оставка“, порача Ристо Мијаковски.

Кристијан Ландов

edinstvena makedonijamakedonija blokira

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска27/04/2021 - 12:1627/04/2021 - 12:17

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска19/04/2021 - 13:5519/04/2021 - 14:10

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски29/03/2021 - 15:52

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска26/12/2020 - 16:59

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска15/11/2020 - 15:31

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска14/11/2020 - 13:5114/11/2020 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен