Македонија 118-та на листата на Репортери без граници

Од:

Македонија годинава се најде на 118-то место на ранг листата на Репортери без граници, посветена на слободата на печатот, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Најдобар резултат на листата од вкупно 180 земји што ја подготви невладината организација со седиште во Париз, има Финска, пред Холандија, Норвешка, Данска и Нов Зеланд. Најлошо рангирани се Кина, Сирија, Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја која е последна на листата. Инаку, ова е шеста година по ред како Финска ја предводи листата на Репортери без граници.

Општа е оценката дека слободата на печатот во 2015 година се влошила во целиот свет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март