Македонец бара геј-азил во САД

Од:

Еден македонски граѓанин веќе побарал азил во САД врз основа на сексуална дискриминација, а неколкумина други го чекаат исходот на нивниот претходник, па веќе се подготвуваат за пополнување на слично такво барање.

Имигрантска еднаквост – организација од Њујорк која им помага на хомосексуалците од разни држави да добијат азил во САД потврдуваат дека голем е бројот на хомосексуалците кои бараат можност за престој и работа во САД, како и финансиска помош, поради тоа што се чувствувале загрозени во Македонија, јавува МИА.

– Во САД го признаваме правото на определба како хомосексуално лице како едно од основните заштитени права. Ако некој се обидува да ве повреди врз таа основа, имате право на заштита. Ако странска држава им дава заштита на хомосексуалците, како, на пример Британија или Франција, не можете да очекувате помош од САД. Но ако вашиот страв, во државата во која живеете, е објективен и разумен, а власта не направила ништо да ве заштити, може да побарате азил во САД – вели Арон Морис, од организацијата „Имигрантска еднаквост“, непрофитна група формирана во 1994 година која им дава правна помош на ЛГБТ имигрантите во САД и на лицата заболени од сида и да лобира за нивните права пред американските власти.

Оваа организација досега работела на повеќе стотици случаи на барања за азил во САД, при што велат дека, кога ќе прифатат одреден случај, имаат речиси загарантиран успех.

Според Морис, секој случај на насилство кон хомосексуалците во Македонија придонесува кон тоа барањата за азил во САД да имаат поголема шанса за успех. Тој вели дека неодамнешните напади врз ЛГБТ-клубот во Скопје и неколку негови активисти се аргументи во поддршка на ваквите барања во САД. Заштитата од напади врз сексуална определба, според „Имигрантска еднаквост“, се однесува не само на лица што живеат приватни животи, без јавно да истакнуваат дека се хомосексуалци, туку и врз тие што сакаат отворено да живеат како хомосексуалци.

Би можело да ве интересира

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

По 10-годишна пауза во главниот град на Естонија се одржи геј парада

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска

Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Ана Ололовска

Сириски бегалец-хомосексуалец обезглавен во Турција

Емир Латифовиќ