Македонците во Стеблево, Голо Брдо го одбележаа Ѓурѓовден

Од:

Македонците во Стеблево во областа Голо Брдо, по традиција се собраа во црквата „Свети Никола“ за да го одбележат празникот Свети Великомаченик Георгиј, познат како Ѓурѓовден.

Поради пандемијата со коронавирусот, годинава не присуствуваа жителите од соседните села кои изминатите години редовно доаѓаа на одбележување на празникот.

Богослужба одржа свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на албанска православна црква, кој е чест гостин меѓу жителите на Стеблево.

Порано со одбележувањето на Ѓурѓовден се означувал крајот на студениот зимски и почетокот на сончевиот летен период.

Во последната деценија, празникот се одбележува под мотото „Празник на цвеќето“ со што се означува почетокот на туристичката сезона во Стеблево, подрачје кое е дел од Националниот парк Шебеник-Јабланица, на границата со Северна Македонија.

По укинувањето на општината Стеблево, која опфаќа 12 села со над 1.000 жители, сега е админстративна единица и потпаѓа под општина Либражд. Областа Голо Брдо опфаќа 22 села главно населени со Македонци, а е поделена во три административни единици, Стеблево, Острени и Требиште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски