Македонците во Албанија бараат изборни квоти за малцинствата

Од:

Во организација на мисијата на ОБСЕ, во Тирана се одржа тркалезна маса посветена на изборните права и политичкото учество на националните малцинства во Албанија.

На настанот учествуваа претставници на националните малцинства, како и претставници на Државната изборна комисија.

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во своето обраќање истакна дека актуелниот Изборен законик не обезбедува еднакви можности за политичко претставување на националните малцинства и, според него, претставува сериозна пречка за нивниот влез во Албанскиот парламент.

-Неопходно е да се воведат загарантирани пратенички места или изборни квоти за националните малцинства, по примерот на повеќе европски држави, со цел да се обезбеди нивно вистинско и ефективно политичко претставување, рече Стерјовски.

Исто така побара и воспоставување државен буџет за финансирање на изборните кампањи на партиите на националните малцинства, истакнувајќи дека тие се наоѓаат во нерамноправна положба во однос на големите политички партии и не добиваат финансиски средства од државата за да водат рамноправна изборна кампања.

Дополнително, Стерјовски предложи Државната изборна комисија да обезбеди финансиски средства за медиумите на националните малцинства, преку кои ќе се реализираат информативни кампањи за изборниот процес на јазиците на малцинствата. Според него, тоа ќе придонесе за подобра информираност и поголема излезност на припадниците на националните малцинства на изборите.

-Неопходно е претставниците на националните малцинства да бидат вклучени како членови во изборните комисии на сите нивоа, со цел да се гарантира транспарентност и доверба во изборниот процес, како и да им се обезбеди еднаков пристап до медиумите за време на изборните кампањи, нагласи тој.

Учесниците на тркалезната маса разменија мислења и искуства за унапредување на изборните права на националните малцинства, при што беше истакната важноста од создавање поинклузивен изборен систем кој ќе овозможи еднакво политичко учество на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски