Македонците непожелни во Белгија

Од:

Белгиските медиуми објавија дека белгиската влада утврдила листа на седум земји кои ќе добиваат азил во Белгија, но само во вонредни околности, односно шансите за влез во Белгија на граѓаните од овие земји се повеќе од минимални.

На списокот се најде и Македонија заедно со Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Индија.

Апликантите од овие земји ќе добијат одговор од белгиските власти најдоцна за 15 дена.

Ова ќе важи во наредните шест месеци, а потоа повторно ќе се разгледува.

Целта на воведувањето на листата на „сигурни“ земји е да се намали бројот на лица сместени во центрите за азиланти од овие земји затоа што белгиските статистички

податоци укажуваат дека голем број од апликациите за азил поднесни минатата година се поднесени од државјани на некоја од седумте земји на листата.

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

Брисел ја обвинува Русија за хаосот во Сеута

Пожар на градилиште во Брисел, шест лица се водат како исчезнати

Горан Наумовски

Брисел бара ограничувања за руските вооружени сили

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите