Македонците – најголеми пушачи во светот

Од:

Македонија се наоѓа на 5-то место во светот според висината на стапката на пушење цигари.

Речиси една половина од македонските мажи и една четвртина од жените во Македонија се зависници од цигарите, покажува истражувањето на Институтот за метрички и здравствени пресметки за 2012-та година.

Резултатите ги рангираат македонските мажи на 9-тата позиција во светски рамки, односно дека речиси 46 насто од посилниот пол се пушачи.

mkdPushaci-tabela1

Жените се застапени со речиси дупло помал процент, односно околу 27 насто.

Највисока стапка на зависници од цигари има во Ист Тимор, каде две третини уживаат во консумирањето на овој порок.

По Ист Тимор следуваат Тонга, Бугарија, Папуа Нова Гвинеја и Македонија.

mkdPushaci-tabela3

На глобално ниво, процентот на луѓе кои пушат секој ден – значително е зголемен, а бројот на пушачи во светот оди во нагорна линија, како резултат на зголемената популација на населението.

Бројот на испушени цигари на светско ниво „скокна“ на повеќе од 6 трилиони. Во 75 држави, пушачите конзумираат просечно повеќе од 20 цигари на ден, се вели во истражувањето.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација