Македонците кои примија АстраЗенека во Србија мораат да се ревакцинираат во истиот град

Од:

Државјаните на Северна Македонија кои овие денови доаѓаат на ревакцинација во Србија, и кои пред три месеци, на 27 и 28 март, ја примија првата доза на „АстраЗенека“ ќе можат да се ревакцинираат само во градот во кој ја примиле првата доза, велат српските здравствени власти.

-Сите оние кои прв пат се вакцинираа во Белград, ќе мора на ревакцинација да дојдат во Белград. Така ни е речено од Белград и ние тоа мора да го почитуваме. Знам дека на Македонците полесно им е втората доза да ја примат во Ниш, но од Министерството ни објаснија дека постојат технички проблем тоа да се реализира, изјави за „Нишке вести“ директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан.

Тој додаде дека во последните два дена веќе се ревакцинирани околу 800 државјани на Северна Македонија.

-Сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе можат да ја примат и втората доза, нека не се грижат, кажа Јеркан, според кој, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на „АстраЗенека“ за македонските граѓани.

Тој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.

Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ денеска изјави дека 13.000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.

-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1.

Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Возач на автобус (70) сексуално вознемируваше девојка (16)

А1он