Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, донесе одлука за распишување вонредни парламентарни избори, кои ќе се одржат на 25 октомври годинава.

Со објавувањето на одлуката во „Службен весник“ официјално започнува и изборната кампања, која ќе трае 45 дена.

Одлуката за предвремено излегување на гласање следува по повеќемесечните политички тензии во Србија, протестите и блокадите предводени од студенти, како и барањата на дел од опозицијата за распишување вонредни избори.

Студентското движење претходно најави учество на изборите со сопствена изборна листа, додека опозициските партии во изминатиот период водеа разговори за можни коалиции и заеднички настап.

Со распишувањето на изборите, политичките партии и другите учесници сега имаат законски утврден рок за поднесување кандидатски листи и водење на изборната кампања.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Србија: Одреден е датумот за конститутивната седница на Народното собрание