А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Мајката на убиениот Пино бара санкции за инспекторите кои го водеа случајот

by Кристијан Ландов20/06/2019 - 11:3420/06/2019 - 13:112097
Share0

Маја Трпковска, мајката на убиеното 22-годишно момче Пинета Секондо, ќе поднесе претставка до Внатрешната контрола при Министерството за внатрешни работи и ќе бара да се санкционираат инспекторите Душко Лазаров и Слободан Наумовски кои го водеа случајот за исчезнувањето на нејзиниот син.

Добивај вести на вибер

Трпковска вели дека на ваков чекор се одлучила бидејќи двајцата инспектори шест месеци не постапувале соодветно за да го пронајдат момчето.

„Душко Лазаров да биде избркан од работа и да каже како дошол до тоа работно место. А Слободан Наумовски, да одговара пред комисијата и да каже зошто не ги проверил камерите за надзор во „Тренд кафе“. Зошто Наумовски, наместо да си ја врши својата работа, тој седнал на кафе и не проверил ниту една снимка?“, вели Трпковска за „А1он“.

Од МВР велат дека биле превземени сите мерки за расчистување на случајот, и додаваат дека нивната ажурност се гледа од поднесената кривична пријава до Обвинителството.

„Во сите случаи каде граѓаните сметаат дека полициските службеници постапуваат несоодветно, случаите ги пријавуваат во Одделот за внатрешна, криминалистички истраги и професионални стандарди и доколку се утврди несоодветно постапување против истите ќе се превземат дисциплински мерки согласно Колективниот договор“, тврдат од МВР.

Трпковска од моментот кога исчезна нејзиниот син, па се до пронаоѓањето на неговото тело кон крајот на минатиот месец, обвинуваше дека Одделот за потраги при МВР не постапува, а инспекторите не се ажурни во истрагата. Таа велеше дека надлежните од МВР при овој оддел се криеле и не сакале да разговарат со неа, иако таа постојано им укажувала дека се сомнева во сега обвинетата Ангела Ѓеоргиевска.

mvrpino sekondo

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 08:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен