Директорката на ФЗОМ поднесе оставка

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева – Змејкова денеска поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

– Чекав да се добијат резултатите од судска медицина, за да се констатира причината за смртта, и да се види вистината за случајот со Тамара, кој заради се што се случи и пеколот низ кој поминувавме, но и напорите кои претходно ги правевме, а дел од јавноста не ги вреднуваше, сепак целиот мој живот ќе го носам со себе и покрај тоа  што сум свесна дека се што можевме, се сторивме, буквално се, рече Парнарџиева – Змејкова.

На прес-конференција истакна дека го разбира гневот на луѓето, посочувајќи дека и таа била гневна и згрозена.

– Револтот и гневот на пошироката јавност мене ми е сосема разбирлив. Лично се соживувам со него како човек и мајка. Обдукцијата, која веќе е објавена во медиумите ја потврди причината за смртта, се работи за причина која не е поврзана со операцијата која Тамара требаше да ја има, а за која се обезбедија на крај средства. Дополнително интерна комисија во Фондот провери и контатира дека сите процедури во лекарските комисии и стручните служби во Фондот се испочитувани, рече директорката на ФЗОМ.

Обдукцијата, додаде, покажала оти причината за смртта не е поврзана со операцијата која Тамара требаше да ја има, а за која се обезбедија на крај средства.

Во тек е протестот за оставка на министерот за здравство Никола Тодоров, поради смртта на малата Тамара Димовска од Велес.

Би можело да ве интересира

Клековски: Шест наместо три обиди за ин витро оплодување, на товар на ФЗО

А1он

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски