Магарето замина, удривте по мене, рече Јанакиески во одбраната, алудирајќи на Груевски

Од:

По долги натегања околу присуството на адвокатите назначени по службената должност и паузата, продолжи судењето за предметот „ТНТ” на СЈО каде одбрана почна да дава обвинетиот Миле Јанакиески.

Јанакиески на прашање на адвокатот рече дека имал блиски релации од 2006 и 2007 година со фамилијата на бизнисменот Фијат Цановски и дека дури им биле на свадбата.

Ексминистерот рече дека тие како бизнисмени биле такви што постојано сакаат да кокетираат со обвинители и судии и на почетокот биле силни поддржувачи на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најнавреден бев кога кажаа дека јас би сакал да го рушам Космос заради бизнис-интереси”, кажа Јанакиески и додаде дека тоа не било ниту точно, ниту докажано.

„По четири години Миле е омилен лик на СЈО, ОЈО, Финансиската полиција… Магарето замина, сега се удира на самарот”, рече Јанакиески. Тој кажа дека Фијат Цаноски имал интензивна комуникација од април 2010 до август 2011 година со првообвинетиот, Никола Груевски, кој како што кажа, за жал, не бил во судницата.

„Чудно е што во тој период Фијат Цаноски има многу интензивна комуникација со Никола Груевски”, рече Јанакиески и побара од судот бизнисмените Фијат Цаноски и Ардијан Амзоски.

„Сакам да го прашам Фијат и за односите со Сашо Мијалков, Муса Џафери кој што му ветувал. Јас не сум ветувал дека ќе му дозволам да гради спротивно на Законот за градење. Едно ливче немам потпишано. Не може Миле да е кабает, зашто сме прислушувани 24 часа јас и мојата жена”, рече Јанакиески

„Тој објект е дивоградба. И сега гарантирам за тоа”, кажа ексминистерот.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов