Според медиумите Стевче Јакимовски (ново-стариот градоначалник на општина Карпош) изјавил дека: “советниците од Српрска Напредна Странка партијата која го предложи на изборите ќе колацира со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Јакимовски вели дека оваа доука ја донел отако СДСМ одби да колацира со неговата партија. Општина Карпош не може да го формира општинскиот советот поради тоа што ниту една партија нема мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 9 советници а Српскта напредна странка има 5.“
Ако е ова вистинито пренесено, тогаш имаме проблем. Или Стевчо лаже или не знае што зборува. И во двата случаи е многу опасно.
Имено, ова тврдење нема врска со правото, а од суштински аспект претставува негирање на суштината на демократското работење на општините.
Зошто?
1. Градоначалникот нема никаква врска со конституирањето на Советот на општината. Советот се конституира откако ќе биде свикан од страна на претходниот претседател на Советот (чл. 37 од Законот за локална самоуправа).
2. За да се конституира Советот на општината воопшто нема потреба од некакво мнозинство. Имено, Советот е конституиран со свикување на Советот од страна на поранешниот претседател на Советот (чл. 37 од Законот за локална самоуправа).
Од аспект на демократијата и демократското одлучување, Стевчо се наоѓа во уникатна позиција која му овозможува практикување на неутралност како градоначалник и спроведување на својата програма со постојано балансирање меѓу двете спротиставени страни во Советот на општината.
Од тука, или лаже или не знае. Ако лаже тоа значи дека бара изговор зошто да биде со ВМРО-ДПМНЕ, а ако не знае, тогаш се поставува прашањето како до сега ги штител и како од сега ќе ги штити законитоста и уставноста на одлуките во општината ако не го знае ни Законот за локална самоуправа.
Член 37 од Законт за локална самоуправа:
Конституирање на советот
(1) Првата седница на новоизбраниот совет ја свикува претседателот на советот од претходниот состав најдоцна во рок од 20 дена од денот на завршувањето на изборите.
(2) Ако советот не се свика во рок од ставот (1) на овој член, членовите на советот сами се состануваат и под претседавање на најстариот член на советот го конституираат советот во рок од десет дена по истекот на рокот од ставот (1) на овој член.
(3) Ако седницата не се одржи во рок од ставот (2) на овој член ќе се распишат нови избори за членовите на советот, на начин утврден со закон.
Мирјана Најчевска