Лукаревска: „Можеме“ е модел за напредок на државата, време е праводсуството да се прочисти од корумпирани судии и обвинители

Од:

Носителката на листа на Изборната Единица 2, Сања Лукаревска, денеска остварува повеќе теренски активности во Куманово.

Лукаревска рече дека во изминатите три години, Владата предводена од СДСМ, целосно се посвети на создавање цврсти основи за сигурна и безбедна иднина на државата.

Таа потенцираше дека програмата „Можеме“ креира политики со кои се обезбедува одржлив развој.

„Нашата понуда во програмата „Можеме“ за раст на платите и пензиите, за грижа за сите граѓани и за да продолжиме заедно на исправниот пат. Столбовите на коишто ја темелиме нашата понуда е развојот на македонската економија, на грижата за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните, загарантирана правда за сите, и на продолжување на интегративниот процес во Европската Унија“, рече Лукаревска.

Носителката на листа на ИЕ2 се задржа и на состојбата судствоо и на понудата во програмата „Можеме“ во која е и решението за создавање правна и праведна држава.

„Ние имаме јасна визија каква држава сакаме да биде Република Северна Македонија во 2024 година. Држава, во која целосно се расчистени остатоците од режимот во судството. Правосудството еднаш засекогаш мора да се прочисти од корумпираните судии, а и обвинители. И токму затоа започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и на сите обвинители“, рече Лукаревска

Лукаревска во Куманово ја посети Соколана, еден од првите спортски домови во нашата држава и најави дека во следниот мандат стартува реконструкцијата со што ќе се исполни сонот на многу спортски работници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ