ЛП: Заштитата на границите пред мигрантскиот бран е легитимна, но потребен е координиран европски план

Од:

„Разбирливи се обидите на бегалците, соочени со воените дејства на Блискиот Исток, за спас на својот и животот на нивните семејства. Македонија, како и цела Европа има обврска да покаже хуманост и солидарност. Блискоисточната трагедија не дозволува рамнодушност.

Истовремено, имајќи ги во вид ограничените ресурси на државата и фактот дека бегалскиот бран е насочен кон попросперитетните членки на ЕУ, и за Либералната партија и за сите политички сили е јасно дека државата и регионот сама не може да се справи со овој предизвик.

ЛП верува во општата оценката дека домашните хуманитарни организации и активисти покажаа високо ниво на оперативност и помош во олеснувањето на тешкотиите на бегалците.

Оваа состојба е реален проблем за земјата, која прераснува во зона на престој на бегалците. Без општ (европски) план и координирана акција, ризикува да ја загрози безбедноста на граѓаните на повеќе (транзитни) региони во РМ, но и на самите бегалци.

Затоа, Либералната партија го поздравува дополнителното обезбедување на јужната и северната граница на Републиката.

Истовремено, Либералната партија ја повикува Владата да започне интензивна комуникација со европските држави, заедно со другите држави од регионот, така што организираниот транзит на бегалците ќе гарантира нивен престој од најмногу 72 часа во Македонија (за да се избегне евентуалниот хаос), до нивното безбедно заминување кон посакуваните дестинации во ЕУ“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он