ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Од:

„Либералната партија смета дека со воведувањето на црвена, жолта и зелена еколошка налепница за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето. Ќе се удри по најсиромашниот слој граѓани кои својата последна заштеда ја искористиле за купување на сопствено возило, кое во 21 век претставува потреба а не луксуз.

Загадувњето прикажано на мерните станици покажува најголеми бројќи на загадување во часовите по полноќ, период во кој низ главниот град се движи минорен број на возила. Затоа сметаме дека одговорноста треба да се бара во дивите депонии, потпалувачите на отпад и фабриките. Бараме да се извршат темелни промени во сите институции поврзани со отпад.

Субвенционирањето на електрични и хибридни возила исто така не претставува долгорочно решение. ЛП предлага Владата да ја укине акцизата за увоз на нови автомобили, товарни возила и механизација во наредните две години, со што за краток период граѓаните ќе се ослободат од старите возила, и на тој начин ќе се придонесе во обновувањето на возниот парк во Република Македонија.

Исто така предлагаме во деновите со загадување над максималната границата, автобускиот превоз да биде бесплатен за сите граѓани на РМ“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС