ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Од:

„Либералната партија ја поздравува изјавата на премиерот Зоран Заев дадена пред бизнисмените од Стопанската комора, дека на дел од административците ќе им се заблагодари во 2019 година.

Посочуваме дека реформа во администрацијата е итно потребна за да се подобри животот на граѓаните и да се зголеми јавната доверба во државните институции. Државната администрација има премногу луѓе, но премалку на вистинско место со вистински вештини. Затоа процесот на систематизација на државната администрација е многу потребен.

Од досегашното ускуство се потврдува дека премиерот треба да им се заблагодари на повеќе од 50 проценти од административците (што впрочем е програмска определба на ЛП од 2016 година), и е прв чекор до целосна деполитизација на администрацијата.

Образованиот професионален кадар кој ќе остане во неа ќе добие двојно поголеми плати, и на тој начин администрацијата ќе стане атрактивна за професионален кадар, на кој алудираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на Првата годишна конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

Орце Костов