ЛП: Претседателот и натаму останува надвор од водењето на политиката на државниот врв

Од:

„Ова годишно обраќање на претседателот на Републиката покажа дека тој и натаму останува надвор од тековите на создавањето и водењето на политиката на државниот врв, а кога учествува во нив – тој е нем соучесник“, рече Ивон Величковски пратеник од Либералната Партија, по повод годишното излагање на претседателот на Републиката кој во продолжение додава:

За жал претседателот избра да не биде фактор ниту во однос на меѓународната политика, ниту во домашната политика и ова доследно го примени и го повтори со содржината на денешното обраќање.

Тој покажа дека покрај него се случуваат мнозинството процеси, од разговорите за името, преку неуспехот на македонските евро-интеграции сумирани во заклучоците и на последниот Европски Совет, проблематизирањето на добрососедските односи, парализирањето на интервенциите на монетарната власт од извршната, поигрувањето на власта со меѓуетничките односи, се до тековниот застој во Собранието на Република Македонија.

Ова обраќање истовремено покажа дека тој Собранието на Република Македонија очигледно не го чувствува како рамноправен дел од трите власти во македонската парламентарна демократија и сака да го сведе на својот – протоколарен ранг.

Во спротивно, претседателот ќе избереше пред Собранието денес да изнесе свој став, а во досегашниот и идниот период пред пратениците да поднесе свои планови и визии за решавање на тековните и очекуваните проблеми на домашен и меѓународен план.

Затоа, не сум изненаден од содржината на говорот на претседателот на Републиката, туку од отсуството на политичка содржина на господинот Иванов.

Со овој говор тој покажа дека може да биде одличен директор на завод за статистика или портпарол на Владата со премиерски амбиции.

За жал, се докажа дека тој нема намера да биде коректив на споделената извршна власт. Одбирајќи страна, Иванов со овој говор се пушти себеси како претседател на Републиката „низ вода“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов