А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛП: Македонската страна ни приближно не обезбедила рамноправен статус во разговорите со Грција

by А1он14/05/2018 - 14:57225
Share0

„Во отсуство на официјални информациии а со деталите пренесени од грчките медиуми според кои се бара промена на Уставот, име, нација, идентитет, јазик и историја, во однос на разговорите меѓу Грција и Македонија за спорот со името се добива впечаток дека во голема мера е излезено од рамката на преговорите. Според тоа, македонската страна ни приближно не обезбедила рамноправен статус во разговорите со Грција.

Добивај вести на вибер

На овој начин резолуциите 817 и 845 и Времената спогодба, како документи на ОН, се тргнати на страна како да не постојат. Тоа укажува дека надвор од досегашниот тек на решавањето на овој спор, Грција наметнала да се бараат нови решенија само врз основа на нејзините интереси.

Повеќе од јасно е дека грчките барања за промена на Уставот на РМ фактички го негираат нашиот национален идентитет и постоење како посебен народ. Затоа, Либералната партија повикува на национален консензус и меѓупартиски договор (власт и опозиција) со цел да се отфрли условот за уставни промени „ерга омнес“, бидејќи е спротивно на Резолуцијата 817 на Советот за безбедност и другите документи на ОН. Впрочем, уставните промени што се навестуваат и ново име ерга омнес е отфрлено уште при усвојувањето на споменатите резолуции и Времената спогодба од 13 септември 1995 година.

Премиерот Заев треба да е свесен за овие факти и треба да води сметка за нив кога ќе разговара со грчкиот премиер Ципрас на 17 мај 2018 во Софија.

Либералната партија смета дека НАТО и ЕУ интеграцијата се нашиот единствен пат, а постигнувањето на одржливо решение засновано на сите досегашни меѓународни документи е од заеднички интерес и на Република Македонија и на Грција и на членките на овие асоцијации, бидејќи на тој начин јакне стабилноста во земјата и регионот“, се вели во соопштението на Либералната партија.

imetolp

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен