ЛП: Извештајот е патоказ за програмските определби за изборите во 2016

Од:

„Либералната партија смета дека Извештајот е реален и недвосмислено ги идентификува бројните и витални моменти во временскиот период од последните избори до денес, кои кулминираа со познатата криза и Договорот од Пржино 1 и 2. Повторувањето на препораката значи дека Македонија има шанса, надминувајќи ја кризата, да го забрза процесот на започнување на преговорите.

Сепак, препознавањето на поврзаноста на „потфрлувањата околу изборите претходно сигнализирани од ОБСЕ и другите сомнежи рефлектирани во содржината на снимените комуникации…“ јасно укажува дека напредокот на земјата е можен само со отстранување на системските слабости поврзани со легалноста на изборниот процес и легитимитетот на избраните функционери.

Фактот што Извештајот јасно нотира дека „пресретнатите комуникации, во кои очигледно се вклучени високи владини претставници, сугерираат кршење на основните човекови права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и нивна инволвираност во корупција“, охрабрува дека ЕУ не отстапува од критериумот за владеење на правото и борба против корупцијата и криминалот. Секако, барањето на граѓаните на Македонија за санкционирање на криминалот и корупцијата е еднакво силно и обврзувачко.

Само овие две сугестии јасно укажуваат какви темелни предизвици се пред македонските граѓани и политичари.

Сепак, фактот што се апострофира потребата за „проектот на ревизија на Охридскиот рамковен договор“, јасно укажува дека ЕУ нотира потенцијални проблеми, кои ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и во изминатите 7 години не ги адресираа и не се обидоа соодветно да ги решат.

Оттука, Либералната партија жали што и вчерашниот ден некои партии го искористија за веќе видени меѓусебни обвинувања, наместо за читање на прецизните пораки од европските институции.

За Либералната партија, Извештајот е патоказ за програмските определби за изборите 2016, а препорачуваме истиот пристап на одговорност да го практикуваат и пржинските владини партнери“,  се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска