Ловџијата З.П. бил застрелан од друг ловџија вчера во атарот на радовишкото село Ораовица. МВР инфомира дека З.П. во придужба на Ѓ.Д биле на лов кај месноста „Тумбата“, каде што во исто време биле и ловџиите В.Н. и А.Р. од Радовиш.
Во еден момент, В.Н. испукал еден патрон од неговата ловна пушка во правец каде се движел З.П., при што сачмата го погодила З.П. во пределот на левата страна од вратот.
Погодениот ловџија со повреди на вратот бил пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар во Скопје.