Лоша хигиена во месари и маркети констатирала Агенцијата за храна и ветеринарство

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат за пет дена издал над 1000 дозволи за влез на возачи на товарни возила во државата, а сите тие ги почитувале препораките за заштита од ширење на коронавирусот. Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на инспекциски совет посочи дека Агенцијата за лекови не констатирала отстапувања во аптеките. Според неа, Агенцијата за храна и ветеринарство увидело лоша хигиенска состојба во месарници и маркети, додека пак, Државниот инспекторат за труд нема казнето ниту еден работодавач, туку има издадено укажувања.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат во овој период изврши 74 надзори. Во овие 5 дена издал и 1019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во државата. Уште еднаш напомнувам дека станува збор за дозволи кои се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки. Од страна на здравствените и санитарни инспектори констатирано е дека возачите се придржуваат до препишаните препораки од коронавирусот“, рече Филиповска-Грашкоска.

Од 277 надзори низ повеќе градови, и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари и производствени објекти, најчести казни од Агенцијата за храна и ветеринарство имало поради неспроведени обуки за безбедност со храна, немање на здравствен преглед на вработени во санитарна книшка и лоша хигиена во објектите.

„Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе вкупно 277 надзор во повеќе градови низ државата и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. Изречени се 22 мерки најчесто поради неспроведени обуки за безбедност со храна, потоа поради работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка. Во тој случај. вработените се веднаш отстранети од објектите. Издадени се и пет решенија на месарници и маркети поради констатирана општа лоша хигиенска состојба и е наредено веднаш да се спроведат мерки за дезинфекција, дератизација и дезинсекција“, вели Филиповска-Грашкоска.

Државниот инспекторат за транспорт направил вкупно 155 надзори. Притоа, констатирал дека меѓуопштинскиот сообраќај во голем обем е редуциран, а додека меѓународниот превоз на патници е во целосен прекин. Агенцијата за лекови извршила 32 надзори и притоа констатирано е дека нема специфични отстапувања, секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број потрошувачи, а цените се согласно одлуките на Владата.

„Државниот инспекторат за труд реализираше 414 контроли, при што се донесени 1 решение и 22 укажувања за работодвачи кои не постапиле согласно препораките на Владата. Најголемиот дел од овие надзори биле поврзани по постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете од 10 години, бремени жени, хронично боли вработени лица. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел до работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот“, посочи Филиповска-Грашкоска.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува