Една од најстарите науки во човештвото е ЛОГИКАТА. Без логика нема живот, што ќе рече дека без живот нема логика!?
Живееме во една Држава која по секоја цена се обидува да одстапи од логиката , што ќе рече да одстапи од животот. Секој Божји ден не убедуваат и , да си кажам и себе си а и вам, успеваат во тоа.
Во ова мое пишано размислување можеби ќе навредам некого. Да, сакам да навредам, ама не тие кои ќе бидат мое логично размислување. Логично е да сакам да ги навредам сите оние кои на нелогичен начин се обидуваат и логично, штом се обидуваат успеваат, да ми го уништат животот односно логиката.
Па да почнам со ред.
Пред незнам колку години се започна со иницијатива за садење на дрва. Верував дека намерата и идеата е искрена, а и логична, и во тоа се убедив кога во иницијативниот одбор го видов и Бубо Каров. Тој ми беше гаранција дека се ќе биде искрено, од срце. Логично бидејќи досега Бубо со своите постапки никогаш не ме разочарал. Полека, полека почнав да ја сваќам поентата. Мојот пријател го напушти одборот и логично ми се наметна прашањето каде е тука кваката во целата оваа циркуска парада?! Одговорот го добив пред некој ден пред Бристол. Садат за да имаат што да сечат. Хахахааааа……….. логично. Ако имаш желба да сечеш треба да има што.
Стечајците, им се извинувам, душа им излезе да протестираат за 6.000,00 денари. Штом се на улица и шетаат значи ги абат чевлите, што ќе рече дека ќе треба да си купат нови чевли, логично нели?! Да ама кај е тука логиката да штрајкуваш за толку пари кога во денешни услови не ти стасуваат тие пари ни за тоалет хартија. Е па штом нема пари за тоалет хартија, логично, нема одење бо тоалет и ќе се дуеш.
Каде е тука логиката ако на еден к.р место ја собираш и антиката и христијанството!? Каква врска има Цане со Кирил и Методи? А бе нема, само џиџано нека биде. Ебати логиката.
Каде е тука логиката во исто време да бидеш мастурбатор и верник на јавни места? Е тука има логика. Таа лежи во 500-те денари и сендвичот кој Власта која е на власт, логично дека ќе е власт, ја обвинува Опозицијата за пропаста на Логичната ни Држава.
Каде е тука логиката ако на раководни места ставаш апсолутни анонимуси кои незнаат две реченици да срочат, дури и напишани лошо ги читаат. Има, имааааааааа логика затоа што Властодржецот има потреба покрај себе од неавторитетни, анонимни суштества.
Каде е тука логиката кога разноразни кои најдалечната дестинација на патување им била Скопје да бидат министри, градоначелници на Скопје. Е добро де и Белимбегово е тука некаде.
Се прашуваме зошто таа идиотска желба за сечење на столетни дрва?! Ами нормално, логично. Пораснале на ливади, меѓе дрва, мочале………. на тие места и затоа сега, логично им пречат кучињата. Логично, ги подсетуваат на младоста.
Можам за логиката уште многу, ама доста го тупам. Кој се препозна препозна, кој не…… па логично, не знае да чита.
Математиката е логична наука, физиката е логична наука, само метафизиката не е. Значи ли тоа дека живееме во метафизичка држава.
Марин Бабиќ