Љубе обвинет за помагање на убиство, адвокатот уште го чека обвинението

Од:

Обвинителството сепак ќе го гони Љубе Бошкоски  за помагање на двојното убиство од 2001 година, кога беа ликвидирани Марјан Тушевски и Киро Јанев. Обвинителниот акт е испратен до кривичниот суд, но адвокатот Владимир Ракочевиќ за А1 изјави дека сеуште го нема добиено ниту тој, ниту Љубе Бошкоски.

За помагање во убиството се обвинети уште 12 мина кои беа приведени а на четворица  им беше одреден притвор пред три месеци. Како извршители се посочуваат српските државјани Предраг Чубрило, Милорад Ковачевиќ и Милан Илиќ..

За ова дело во законот е предвидена  казна од 10 години до доживотен затвор исто како и за убиството, со тоа што има олеснителна околност и може да се одреди поблага казна.

Адвокатот Ракочевиќ во повеќе наврати кажа дека е чудно и несериозно да се обвинува Љубе Бошкоски без ниту еден материјален доказ, и само на основа на „рекла-казала“. Обвинителството и овој пат за Бошкоски пронајде заштитен сведок кој го обвинува екс министерот дека помагал и знаел за убиството, а тоа му го кажал Орце Коруновски кој подоцна беше убиен во Бугарија.

Од семејството на Бошкоски не се изненадени и велат дека на овој начин секој во државава и во секое време може да биде обвинет за кое било дело, само да се пронајде по еден заштитен сведок и дека на овој начин се создава лоша пракса и злоупотреба на судството.

Потпретседателот на ОМ, Марјан Огњановски вели дека овој случај одамна се подготвува, а се интензивира откако затворањето на Љубе Бошкоски беше сместено во категоријата „политички монтиран процес“.

„Вообичаено во случаите со претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски  сеназационалистички од медиумите ги добиваме сознанијата за негово процесуирање,  без ниту тој, ниту неговите адвокати да го имаат добиено обвинението.

Бевме во очекување за нови процесуирања во однос на него, бидејќи како што знаете првото дело доби квалификација на политички монтиран процес во самите извештаи на сите релевантни фактори на Стејт депратментот, Амнести Интернешнл, и во најновиот извештај на Европската Унија, со што покрај Украина станавме единствена зеја во Европа со полотички затвореник.

Токму поради ова се констрира нов случај со кој се прави нов очаен обид да се создаде друга основа со која тој и натаму ќе се држи лишен од слобода  и ќе се оневозможи да учествува во процесот на политички промени кои следат во Република Македонија“, изјави Огњановски.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска