Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Од:

Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, оствари средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, при што најави повеќе инфраструктурни проекти со цел подобрување на условите за живеење и поголема безбедност на граѓаните.

„Меѓу најавените активности се уредувањето на просторот кај Тедико, кој ќе добие зеленило и фонтана – ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Бутел. Планирана е и изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче, како и реконструкција на уличното осветлување во населбата, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се подобри урбаното уредување. Посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината:

Паркот на ул. „Мара Междуречка“, паркот на ул. „Никола Петров“, паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“. Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он