Лирман во Тирана: Добивме позитивни сигнали од Бугарија, посветени сме на отворање на преговорите

Од:

Германската министерка за Европа, Ана Лурман која по вчерашната посета на Скопје, денеска престојува во Тирана, на прес-конференција рече дека Германија е посветена на започнување преговори на Албанија и Северна Македонија со Европската Унија.

На прашањето дали треба одделување на Албанија од Северна Македонија на овој пат, не даде директен одговор, туку рече дека добиле позитивни сигнали од Бугарија, која стави вето на Северна Македонија и го кочи овој процес.

-За нас е од суштинско значење да се оди по овој пат на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија. Од преземањето на функцијата во моите разговори во Брисел, разговарав за ова прашање за да продолжиме напред во отпочнување на разговорите со Северна Македонија и Албанија. Следниот месец ќе разговараме за тоа на форумите во Брисел. Добивме позитивни сигнали од Бугарија и ќе се обидеме што поскоро да го најдеме најсоодветното решение, рече германската министерка, пренесува агенцијата Балкан веб.

На прес-конференцијата со албанскиот вицепремиер Арбен Ахметај, таа додаде дека перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е од стратешко значење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска