(ВИДЕО) Лилјана Поповска се откажува од пратеничкото место

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска на прес конференција соопшти дека се откажува од пратеничкото место на листата на СДСМ.

– За да покажам што ми е приоритет, се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна, истакна Поповска.

Поповска беше поставена на четврта позиција во втората изборна единица при што следуваше жесток притисок од јавноста која ја поддржува опозицијата на социјалните мрежи.

Поповска кажа дека по Централниот и Извршниот одбор на партијата, ќе каже на коалициониот партнер СДСМ кој ќе стои на таа позиција.

– Во политиката е важен личниот пример. Мене не ми е првпат во име на принципи да се откажан од некоја функција. Се имам откажано од позициите заменик-министер, потпретседател на Собранието, од учество во актуелнава Влада, а еве сега од сигурно пратеничко место. Никогаш не сум жалела за моите потези и сега нема да зажалам. Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро, рече Поповска.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус