Лиле Стефанова повикана на сослушување, се стега ли обрачот околу Катица Јанева

Од:

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова е повикана во вторник во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Таа треба да биде сослушувана за случајот рекет, дознава А1он од извори во истрагата.

Лиле Стефанова е обвинителката за предметот „Империја“, каде што осомничени се Орце Камчев и Цветан Панделески и која посочи со прстот кон Катица Јанева дека е наредбодавачот за сите дискутабилни одлуки.

Таа веќе кажа дека не била согласна да му се врати пасошот на Панделески, и дека на еден состанок во април годинава Катица Јанева рекла дека треба да се изготви извештај осомничените (Камчев и Панделески) да ја платат штетата на државата, по што предметите „тука треба да бидат затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“.

-Во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз предистрагата која во тој период беше насочена против нив и други лица, користејќи го моето познанство со господинот Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на состанок ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а исто така го известив и мојот тим на истражители. На средбата која се одржа во просториите на Специјалното јавно обвинителство, господинот Ванчо Чифлиганец се обиде да добие информации за постапката за „неговите пријатели“, Цветан Панделески и Јордан Камчев. На господинот Чифлиганец јасно му ставив до знаење дека не доаѓа во предвид да разговараме било што во врска со предметот. Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски. Во понатамошниот тек на постапката, повеќе ниту едно лице од мене лично не побарало ништо во врска со овој предмет ниту пак ми било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева“, кажа Стефанова.

Таа посочи и дека во втората половина на декември лани изразича несогласување со одлуката на Јанева на осомничените во предметот „Империја“, мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор.

-Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги во предвид сега објавените снимки, рече Стефанова. Таа тврди и дека била против издавање времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески.како и на Орце Камчев.

Тоа го наравила Катица Јанева, која пак вчера се правдаше дека гласот на снимката е нејзин но морала да разговара со осомничените, но не објасни според кое правило се слуша со нив преку телефонот и во присуство на Боки 13.

Јанева и покрај аферата, условната оставка, губење на довербата во СЈО поради неа, се уште се држи и не заминува од функцијата.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов