ВИДЕО: Лидерска ќе има в петок , Заев го чека и Мицкоски

Од:

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека ќе направи уште еден обид да го убеди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да дојде на лидерската средба закажана за в петок.

„Ние не мора да се договориме за сите овие прашања, но ред е да разговараме , тоа е наша обврска. Лидерската средба останува. Таму има уште двајца лидери, се надевам дека ќе дојде и Мицкоски. Немам намера дека ќе исполнувам желби за предвремени избори иако знам дека ќе победам. Дајте прво да разговараме за изборниот законик, па потоа за избори, одговори Заев за ставот на Мицкоски дека не сака да дојде на лидерска без да разговараат за предвремени избори.

Тој му порача на Мицкоски дека сите прашања се важни – за пописот, за СЈО како и за Изборниот законик, па ако сака да разговара за предвремени парламентарни избори  редно е според Заев прво да разговараат за измени на Изборниот законик.

Лидерската средба е закажана за в петок, а присутни според најавите  заедно со Заев ќе бидат лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на Алијансата за Албанците, Зијадин Села..

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Заев: Да донесеме Резолуција за заштита на македонскиот јазик, виткањето на кичмата не и донесе ништо добро на Македонија

Ана Ололовска

Заев: Верувам дека не е возможно ништо што еколошки е недозволиво да влезе во државата

Ана Ололовска

Заев: Македонскиот јазик е впишан во сите Меѓународни организации, договорена е средба со Борисов за почетокот на 2020 година

Ана Ололовска

Заев: Работни групи ќе ги разгледаат модалитетите за имплементирање на препораките на Венецијанската комисија

Ана Ололовска

Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон, тврди Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев на предновогодишен концерт на трите армии: Заедно, посилни, сојузници во НАТО – Алијансата

Ана Ололовска