„А1он“, од партиски извори во албанскиот политички блок, дознава дека в недела ќе се одржи лидерска средба во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на Водно. На средбата поканети се лидерите на партиите и од македонскиот и од албанскиот блок.
Кој се ќе дојде засега е неизвесно. Лидерската средба се свикува поради новонастанатата состојба со одбивањето на Франција да даде согласност за датум за преговори со ЕУ за земјава.