Лидерот на ДПА, Тачи на средба со Нишани во Тирана

Од:

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи попладнево во Тирана се сретнал со шефот на албанската држава, Бујар Нишани.

– Спроведувањето на Охридскиот договор е фундманет на почитувањето на правата на Албанците во Македонија и создавање клима на меѓусебна доверба меѓу Албанците и Македонците, во корист на напредокот и развојот на што подобри односи на овие два државотворни народи во Македонија, оценил Нишани на средбата Тачи.

Нишани го изнел и ставот дека се залага за што подобра клима на соработка не само меѓу Албанија и Македонија, туку и со сите други земји од регионот и пошироко.

Тој, како што пренесува порталот Албеу, високо го оценил придонесот на Тачи во косолидацијата на албанскиот фактор во Македонија и во развојот на односите меѓу Албнците и Македонците, како и со другите народи кои живеат во Македонија.

Тачи му се заблагодарил на Нишани за неговиот придонес и помош во консолидацијата и унапредувањето на односите меѓу двете земји, како и поддршката што ја дава за Албанците кои живеат надвор од матичната земја.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он