Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во просториите на ОБСЕ во Скопје се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, амбасадорката Нина Соумалаинен.
Како што соопштуваат од ДПА, на средбата станало збор за политичката ситуација во земјата, за текот на имплементацијата на Договорот од 2 јуни/15 јули и дискусиите во рамките на работните групи олеснети од страна на САД и ЕУ.
– На средбата, Тачи рече дека овој договор нема да има никаква вредност без елиминирање на можностите за измама. Во таа насока побара поддршка од меѓународниот фактор за реформи во изборниот законик, како и создавање механизми кои ќе гарантираат слободни и демократски избори. Тачи нагласи дека приоритет на ДПА во текот на целиот овој процес е организација на слободни и демократски избори, со единствена цел да се елеминираат изборните неправилности и фалсификувањето на резултатите, се наведува во соопштението.
Амбасадорката Соумалаинен изразила благодарност за, како што се додава, конструктивната улога на ДПА и нејзиниот придонес во овој процес, надевајќи се дека спроведувањето на сите точки од договорот ќе биде завршен наскоро, затоа што подготовките поврзани со изборите бараат значително време.
Во очекување на завршувањето на преговорите за изборниот законик, Тачи и посочил амбасадорката на ОБСЕ дека ДПА ќе продолжи со својот конструктивен пристап и да биде дел од демократскиот процес и евроатланската перспектива на земјата.