Лидерите на албанските партии тактизираат – нема одлука дали ќе се појават на средба со Ахмети

Од:

Претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами, најверојатно нема да се појави на средбата на лидерите на албанските партии в четврок во организација на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава „А1он“ од партиски извори.

Како што дознавме од извори во „Беса“ лидерот Касами не сакал да биде дел од состанокот, иако, како што велат, засега се уште нема официјална одлука на партиските тела. Велат дека утре треба да се одржи состанок на претседателството на партијата на кое ќе стане збор за лидерската што Ахмети ја иницира, по што јавноста ќе ја известат за конечениот став.

И од партијата „ Алтернатива“ на Африм Гаши која е во пост-изборна коалиција со Зијадин Села, се уште немаат донесено одлука дали ќе бидат дел од заедничката средба на покана на Ахмети.

„Партиските тела ќе одлучат по ова прашање. Од друга страна ние сме во коалиција со партијата „Алијанса за албанците, така што за средбата кај Ахмети ќе одлучиме заедно со нашиот партнер“, кусо информираат од „Алтернатива“.

Конкретен став во врска со средбата кај Ахмети , за сега нема ниту од партијата на Мендух Тачи, ДПА.

Средбата што ја организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на годишнината од Рамковниот договор треба да се оджи во четврток во 12 часот во скопскиот хотел парк, ќе се разговара за пост изборната состојба. Покани беа упатени до лидерите Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари