Лицата со хендикеп повторно на маргините

Од:

Веќе поголго време размислував дали да ја начнам оваа тема во некој медиум, и конечно решив јас малку да проговорам за условите за живеење на лицата со хендикеп во Република Македонија кои се на маргините.

Оваа тема ја одбрав од причина што сметам дека лицата со хендикеп во Македонија се сврстени во маргиналните групации и сметам дека со овој текст што го пишувам ќе придонесам до подобрување на животниот стандард на лицата со хендикеп.

Имено ќе посочам неколку примери за кои што убеден сум дека секое лице со помал или поголем хендикеп се има судрено во животот.

Ќе почнам од последните (лажни) ветувања на Владата за Додаток за слепило и мобилност.

Ова право се обезбедува за потполно слепо лице над 26 годишна возраст, а правото на додаток за мобилност се обезбедува на лице над 26 години возраст со 100% инвалидитет и лице со умерени тешки и длабоки пречки во менталниот развој коешто без помош на инвалидска количка не може да се да ги задоволи основните животни потреби, утврдени од стручен орган и со решение на центарот.

Месечниот износ на додатокот за слепило и мобилност изнесува 7.000 денари.

Барање за остварување на ова право не е пропишано истото се доставува до центарот за социјална работа на подрачјето на кое подносителот има живеалиште во слободна форма со доставување на потребните документи.

И сето тоа напишано на лист хартија како предизборно ветување изгледа добро и влечи солиден број на гласови од таа целна група.

Иако исплатата на овој надомест требаше започне од јули 2012 година сепак веќе четири месеци ресорното министерство а исто и општинските центри за социјална работа не постапуваат по претходно ветеното, најпрво се чекаше еден месец за да вработените во овие општински центри за социјална работа разберат дека на горенаведените лица им следува додатокот за слепило и мобилност , за да веќе во вториот месец кога ќе се достави документацијата вработените своеволно без да постапат по барањето да ги вратат лицата со некое банално образложение ( иако барањето пред се треба да биде земено на разгледување а потоа да се постапува по истото) додека на други пак им се прибираа барањата и чека да биде разгледано истото со изговори од типот на чекаме да собереме повеќе барања па потоа групно ќе одлучуваме , сеуште немаме добиено насоки од министерство и слично и сето тоа ќе биде така до некаде месец дена пред изборите се со цел да се излажи оваа според владата маргинална група и да се земе глас повеќе , а потоа и овој парчен надоместок го чека истата судбина од паричната помош за нега од трето лице која редовно касни по еден , два или три месеци.

Друг проблем со кој се соочуваат лицата кои користат инвалидска количка е тоа што и покрај потребата на некои лица со хендикеп од инвалитска количка на електричен погон во министерството за труд и социјална работа имаат правилник за работа каде што има услов за да ти одобрат такво помагало а условот е барателот на инвалидската количка да биде студент или да е вработен.

А ДАЛИ ПОДВИЖНОСТА НА ДРУГИТЕ Е ПОМАЛКУ ВАЖНА, ДАЛИ ДРУГИТЕ ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНО ОВА ПОМАГАЛО НЕМААТ ПРАВО НА НОРМАЛЕН ЖИВОТ И ПОКРАЈ ТЕШКОТИИТЕ СО КОИ се соочуваат во СЕКОЈДНЕВИЕТО???

Сеуште не можам да сватам зошто во Собранието на Р.М. се изгласа конвенцијата за лица со хендикеп кога Владата на чело со “капитенот” Никола не ја спроведува националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност?,

Епа ДОСТА Е Никола од твоите празни ветувања, доста е од расипани гебелсови методи за перење на мозоците на луѓето, знај дека постои групација која на која што и е потребно да и подадеш рака , навистина подадена рака .

Зарем треба и лицата со хендикеп да излезат и да протестираат на улица за да видиш дека и такви лица живеат до државата каде што си играш премиер?

Зошто не се почитува Член 35 од Уставот на Република Македонија ?

Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјалната правичност.

Републиката гарантира право на помош на немоќни и неспособни за работа граѓани.

Републиката обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општесвениот живот.

Овој член не е тоа што вие и вашата Влада го спроведувате , за каква зоцијална заштита и социјалност сигурност на граѓаните согласно начелото за социјална рамноправност се грижите ?

Какво право на помош им гарантирате на немокните и неспособни за работа граѓани (3000-4000 денари нега од трето лице)?

На кое ниво Републиката обезбедува посебна заштита на лицата со инвалидитет и каде се вклучени во општествениот живот?

Овој текст ќе го завршам со една мисла на Гете со што сметам дека ќе се разбуди премиерот од сонот кој го живее и ќе погледне наоколу да види како живеат и другите

“Оној кој не прави нишно за другите , не прави ништо и за себе”

Виктор Азманоски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска