Либералната партија ќе прави Пресврт 2018

Од:

„Пресврт 2018“, денеска ја промовираше Либералната партија, а претставува политика на управување наместо моќ на владеење и гаранција дека државната или локалната влада во која ќе учествува ЛП – нема да отпушта вработени во само по основа на политички реваншизам.

Оттаму порачуваат дека нема да има поткусурување со вработените во администрацијата и јавните претпријатија, доста е понижување, доста е трепет од политичка освета пред и по секои избори над секој од нас – од вратар до референт, од хигиеничар до советник. Од ЛП истакнуваат дека нивната доктрина предвидува хумана држава Македонија

– Нудиме Пресврт 2018!, според кој Македонија е отворено и интегративно општество каде граѓанинот – слободоумен поединец ја ограничува државата, а не својата мисла, е општествено-одговорен и солидарен, го брани своето мислење еднакво со правото на поинакво мислење, и е спротивставен на лажни општествени норми и вредности – вели престедателот на ЛП, Ивон Величковски.

Либералната доктрина не преговара за секуларноста на државата и општеството, за правата на жената, плурализмот на информирањето и слободата на изразувањето, правата на маргинализираните групи, слободата на избор на сексуална ориентација, правото на здрава животна средина и здрава храна и ја потврдува определбата за соработка со невладиниот сектор.

– Ние ја имаме веродостојноста да ја устроиме Македонија како земја со реален баланс и доминантен и силен среден слој. Затоа се обраќаме кон моментално закрепостените, политички обесхрабрени и партиски клиентелизирани вработени во услужните дејности, менаџери на микро, мали и средни претпријатија, административци, наставници и професори, лекари и медицински персонал, адвокати и судии, припадници на безбедносните и одбранбените сили. Нашата понуда е нов општествен договор со средниот слој кој не е виновен за лошото управување со јавни институции и финансии, ниту за просечноста на (до)сегашните власти – велат од ЛП.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска