Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!

Од:

Иако Левица неколку месеци алармира за сериозни незаконитости на струшкиот универзитет (поврзуван со Рамиз Мерко) и премиерот Мицкоски и надлежните институции продолжуваат да молчат. Левица објави дека на овој контроверзен универзитет е отворена приватна градинка за време на власта на Мицкоски, за која постојат сериозни сомнежи дека ги нема потребните документи за работа. Надзор на работата над оваа приватна градинка е должно да изврши Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, велат од Левица.

„Нејасно е како на овој универзитет се отвора приватна градинка, додека министерката Јаневска пред само неколку месеци изјавуваше дека се констатирани неправилности при инспекциски надзор над универзитетот?! Јавноста никогаш не доби информација од Весна Јаневска за какви неправилности станува збор, што логично го наметнува прашањето: дали власта на Мицкоски единствено спроведуваше инспекциски надзор за да изврши притисок врз структурите на Рамиз Мерко за поддршка на нивниот кандидат за градоначалник во Струга – Менди Ќира?!

Овој т.н. универзитет е во формална сопственост на Армен Кадриу, близок соработник на Рамиз Мерко во неговите криминални мандати. Молкот за оваа приватна градинка и од страна на министерот Фатмир Лимани од ВРЕДИ го покажува лицемерието на оние кои шират празни флоскули дека се борат против криминалот на ДУИ. Доколку ВРЕДИ (кое е составено од истрошените кадри на ДУИ) има реална политичка волја да расчисти со криминалот и корупцијата, министерот Лимани е најповикан да постапи за контроверзното работење на оваа приватна градинка.

Додека Мицкоски само формално демантира дека постои коалиција со Рамиз Мерко, за време на власта на ДПМНЕ, тој доби две пресуди само со условна казна! Дали постои неформална коалиција во Струга помеѓу Рамиз Мерко и структурите на власта на Мицкоски најдобро може да се заклучи од молкот и непостапувањето на институциите за криминалите на овој таканаречен универзитет, кој го деградира целокупниот образовен систем, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Мицкоски: За првпат по подолг период извозот расте побрзо од увозот – се намалува дефицитот

Горан Наумовски

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“