Левица во Велес ќе се залага за отпишување на долговите за вода

Од:

Носителот на листата за советници на Левица во Велес, Димитар Апасиев, најави дека ќе се залагаат за еднократно отпишување на долговите на граѓаните кои се однесуваат на прерано тужените сметки за вода, особено кај посиромашните слоеви од населението.
Меѓу мерките од Програмата на Левица е и забраната да се тужат граѓаните пред да им се соберат шест последователно неплатени сметки за вода, намалување на хонорарите и паушалите на членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, транспарентен процес на вработување во јавната администрација во општината. Левица се залага тоа да оди исклучиво преку јавен оглас, а на конкурсите да се бираат исклучиво најдобрите кандидати.

Апасиев ги посочи и „зелени политики“ на Левица. Меѓу нив се реновирање на планинарскиот дом „Бреза“, стимулирање на урбаниот велосипедизам – преку субвенции за купување нов велосипед и изградба на вело-паркинзи пред јавните институции, субвенционирање на плински уреди кај автомобилите и друго.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски