Левица во Гостивар повика на бојкот на референдумот

Од:

Политичката партија Левица ги повика гостиварци да го бојкотираат претстојниот референдум со образложение дека тоа е единствениот механизам за спротиставување на власта и нејзините напори за интеграција на Македонија во НАТО сојузот.

Ова меѓу другото го порачаа членовите на најтесното раководство на Левица Хактан Реџеп Исмаил, Зоран Василески и Џејлан Велиу на трибината со наслов „Бојкотот како самоодбрана“ што се одржа во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“.

Во излагањата тие се осврнаа на Преспанскиот договор кој според Василески го нарушува принципот и правото на самоопределување на народите и прави историски ревизионизам. Тој подвлече дека договорот со Грција не делува кохезивно и обединувачки туку повеќе ја продлабочува етничката поделба во Македонија.

Ставот на Левица кој беше искажан на трибината околу консултативниот карактер на референдумот е дека на вака поставеното прашање се потценува и манипулира народната волја и ја наршува демократијата во земјава. Затоа, како што беше нагласено во излагањата, бојкотот е единствено правилен политички механизам за пружање отпор на владејачките елити и нивните деструктивни политики.

Од Левица порачаа дека нивното делување и активностите по референдумот ќе зависат од резултатите, односно исходот од изјаснувањето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ по желба олигарсите – на работникот му го одзедоа и достоинството, сега му ја меркаат и неделата

Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

А1он

(ВИДЕО) Левица: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

Повторно се пребарува Вардар кај Гостивар: ДЗС ги активираше специјализираните спасувачки тимови

(ВИДЕО) Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока

А1он