Левица: Владата не е медијатор помеѓу работниците и работодавачите – бараме зголемување на минималната плата

Од:

Цените на основните производи, електричната енергија, греењето и комуналиите растат. Инфлацијата во последните две години достигна неверојатни 25%. Минималната плата за жал останува иста! Осумте месеци владеење на ДПМНЕ и ЗНАМ не доведоа до поголема економска стабилност. Статистиката потврдува дека нови 13.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата само поради инфлацијата на храната, што изминативе две години достигна 32,6%, велат од Левица.

– Бојкотот на маркетите го покажа народниот револт од бескорисните владини мерки. Зголемувањето на профитот којшто го оствариле големите ланци на маркети само во период од околу една година е 40%. Ова дополнително го потврдува зголемувањето на минималната потрошувачка кошничка, која е недостижна за сѐ повеќе семејства.

Најавата за формирање независно тело за утврдување на потрошувачка кошничка само ја укажува намерата на Владата да манипулира со трошоците за живот на граѓаните заштитувајќи ги интересите на крупниот капитал.

Зголемувањето на сиромаштијата не смее да се толерира. Трулиот капиталистички систем само го зголемува јазот помеѓу богатите и сиромашните. Додека едните остваруваат неверојатни профити, другите немаат можност ниту да обезбедат основни услови за живот. Економските показатели потврдуваат дека во државата има доволно пари, а главен проблем е нивната прераспределба.

Државата има должност да ги заштити ранливите и обезбеди достоинствен живот за работниците. Недозволиво е вработените за својата работа и труд да не добиваат месечен надоместок доволен за основните потреби. Затоа, Левица го повикува Мицкоски заедно со Владата да не глумат медијатори во процесот на преговори помеѓу работниците и работодавачите и итно и неодложно преземат чекори за зголемување на минималната плата, согласно барањата на работниците и синдикатите, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Мециновиќ: Eдинствени сме кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството

А1он

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски

Левица: 14 жртви, нула одговорност – пресудата за модуларната болница ја потврди играта на ДПМНЕ и СДСМ

Горан Наумовски

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари