Левица: Трет бран апанажи – ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Од:

Во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за избори и именувања ги има уважено барањата на министрите од претходната влада: Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за апанажа. Тие во наредните 12 месеца ќе добиваат државна плата во висина од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа на која функција биле.

Ова е трет пат како Собранието оди спротивно на барањата и потребите на граѓаните и одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 40 ексфункцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, со што овие системски паразити ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра народни пари.

Апанажата, како механизам достапен единствено на една општествена група, претставува пар екселанс пример за класна дискриминација во нашето општество, односно системот функционира единствено за одржување на општественото статус-кво и за да ги задоволи потребите на економските и политичките елити кои често се испреплетени.

Ја потсетуваме јавноста дека единствено Левица, согласно своите програмски и идеолошки определби, преку својот член во Комисијата, пратеникот Борислав Крмов, застана во одбрана на обесправените граѓани на Македонија и гласаше ПРОТИВ ваквите срамни барања на ексфункционерите, кои продолжуваат да го цицаат буџетот на секој можен начин, додека обичните граѓани, врз чиј грб се богатат, живеат во сиромаштија, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Левица: ЕСМ со скандалозен тендер за фирмата „Пуцко Петрол“ од ДУИ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Левица: Вработените без плати, Алиу без одговори – Кој ја „пере“ пералната на Клинички

Левица: Сопругата на директорот на Булмак и кандидат за градоначалник од ДПМНЕ – преку ноќ стана раководител на Агенцијата за пошти