Левица: Таравари да не тактизира и веднаш да го разреши Мемеди за смртта на 20 деца

Од:

Реџеп Мемеди и неговиот братучед остануваат на чело на Детска клиника, и покрај тоа што не се подготвени да преземат одговорност за смртта на дваесетте деца кои починале во шесте месеци од кога тие се на чело на институцијата! Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрекол две казни на институцијата и директорот, а постојат и воочени недостатоци од страна на Државниот завод за ревизија. Сепак, кланот Мемеди избира да ги игнорира забелешките на овие институции и продолжува со злоупотреба на државни средства за лично богатење, велат од Левица.

„Зошто министерот за здравство, Арбен Таравари, продолжува со политички калкулации и ги занемарува апелите на јавноста за разрешување на Реџеп Мемеди? Дали кланот Мемеди има доволно голем импакт во одржувањето на неговата политичка позиција до степен што министерот е подготвен да жртвува млади животи?

Братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел! Покрај тој навод за фалсификувани документи, од страна на ДЗСИ е воочено дека помладите специјализанти кои дежураат иако немаат законско право за тоа, користат факсимили од постари специјализанти или специјалисти кои на хартија дежураат, но се немаат појавено на клиниката! Ургентниот центар на клиниката останува затворен, па пациентите се одбиваат без образложенија, спротивно на закон!

Тоа што власта на ДПМНЕ-ВЛЕН–ЗНАМ ги занемарува забелешките на институциите и продолжува со незаинтересираното владеење со здравствените институции не остава простор за верување дека смртта на овие деца била спонтана и неизбежна. Левица иницијално реагираше на непотизмот и непрофесионализмот во раководењето со Детска клиника на почетокот од септември, па секој дополнителен ден кој власта им го дозволи на братучедите Мемеди во раководството на клиниката е свесно занемарување на грешките кои резултираат со смрт на деца“, тврдат од партијата.

Оставка веднаш!

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира