Левица со писмо до Иванов: Ниедна војска не извојувала победа над храбриот народ!

Од:

Со вашиот последен говор ѝ дадовте на знаење на целата македонска и светска јавност дека комплетно ја деградиравте функцијата Претседател на Република Македонија и сте станале само еден обичен гласноговорник на осомничениот за тешки криминали, поранешен премиер, Никола Груевски. Сега е јасно дека, освен царот, и неговиот дворски шут е гол!

Вашиот говор кој не доликува на еден претседател изобилуваше со етикети, теории на заговор и паушални обвинувања. Провиден е вашиот обид да го засените успехот што го извојуваа граѓаните, протестирајќи против вашите незаконските и криминални помилувања на политичари, осомничени за тешки криминали.

Се заканувавте дека ќе ја употребите дури и војската ако наводно тоа биде потребно за да ја “смирите кризата“. И да сакате, формално правно не можете тоа да го направите без Собранието да прогласи воена состојба со 2/3 мнозинство. Но, уште позначајно, не заборавајте – НИЕДНА ВОЈСКА НЕ ИЗВОЈУВАЛА ПОБЕДА НАД ХРАБРИОТ НАРОД КОЈ Е ЦВРСТО РЕШЕН ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КРИМИНАЛНИОТ И АВТОРИТАРЕН РЕЖИМ!

Народот е разбуден и близу е денот кога ќе ги прати во заборав таквите политичари ко вас, г-не Иванов! Правдата кај нас можеби е бавна, но ќе ги стигне сите политичари-криминалци бидејќи разбудениот народ нема да се помири со ништо помалку од тоа, велат од Левица во писмото упатено до Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски