Левица: Само нашите пратеници гласаа против изборот на Џафери

Од:

На денешниот избор на техничката Влада, каде македонскиот народ беше понижен со поставување на амнестиран командант на терористичка групација за премиер, само пратениците на Левица гласаа против, велат од партијата преку соопштение.

„Денешниот ден е понижување за сите бранители, кои животот го дадоа за слободна и независна Македонија против терористите во 2001 година. Не сме изненадени што пратениците од ДПМНЕ немаа храброст да гласаат против изборот на Џафери, затоа што токму тие кога беа власт ги амнестираа тн Хашките случаи и срамно го поставија Џафери за министер за одбрана. Дури и во најголемиот подем со 63 пратеници на власт, ДПМНЕ никогаш не ги разреши злостосторствата на терористичката ОНА, додека семејствата на бранителите и денес чекаат правда за нивните најблиски“, реагираат од Левица.

Од партијата посочуваат дека поставувањето на Џафери за премиер на техничката влада од е последното национално предаство, во кое подеднакво учество и вина имаат двете македонски партии.

„Македонскиот народ повторно е предаден и погазен со изборот на дезертерот Џафери, и затоа Левица потенцира дека се додека не се расчистат воените злосторства од 2001 година, за македонскиот народ нема да има правда. Левица во својата Програма како приоритет го поставува процесуирањето на тн Хашки случаи, за конечно семејствата на македонските бранители да ја дочекаат правдата која им следи“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он