Левица: Подаништвото кон странските амбасади на СДС и ДУИ, го продолжуваат ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ

Од:

Новата Влада продолжува со старата вазалска политика! Подаништвото кон странските амбасади на СДС и ДУИ, го продолжуваат ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Ова го потврди министерот за одбрана, Мисајловски, со најавата за донесување нова одлука на Влада за разоружување на Армијата на Република Македонија и донирање во Украина и на она малку оружје што остана во Армијата после раководството на Славјанка, велат од Левица.

„Натоцистичката политика директно ја вовлекува државата во конфронтација со земја – членка на Советот за безбедност. Одлуката за донација на оружје во Украина од антинародната врхушка на власт, не е и никогаш нема да биде поддржана од македонскиот народ! Иако македонската армија важи за една од најлошо опремените армии во Европа, донираното оружје од квислинзите на власт ја прави државата петти најголем донатор. За очајот во кој се наоѓа Армијата и неспособноста на државата да ги обезбеди сопствените редови со потребното оружје, говори и фактот што вчера државата доби донација на оружје од Турција.

Несомнено е дека Македонија нема апсолутно никаков интерес од вмешување и учество во воени дејствија кои се директна последица на империјалистичката политика што ја води Колективниот запад. Уште поизвесно е дека последиците, особено, со политиката на санкции и вооружување на Украина што заеднички ја водат ДПМНЕ и СДС со сите коалициски партнери, ги плаќаат македонските граѓани! Левица, како и мнозинството македонски народ, ја осудува натоцистичката политика водена од поданичката врхушка на власт. Вмешувањето во туѓи конфликти може само дополнително да ја дестабилизира државата во период на тензични регионални односи. Затоа, како партија се залагаме за воен неутралитет и неподдржување и неучество во никакви воени дејствија или мисии, надвор од рамките на ООН“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он