Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Од:

Иако се уште нема јавна информација за издадена Дозвола за градба, веќе започнува оградувањето и подготовка на просторот. Работниците им потврдија на нашите активисти дека навистина станува збор за изградба на спорниот објект и дека инвеститор е фирмата на Фатмир Етеми информираат од Левица.

– Левица веќе реагираше дека објектот доби невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик, поранешна “Воена болница“.
Дополнително е спорна е и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата. Советот на Општина Карпош изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на изградбата. Градоначалникот Јакимовски, ја занемари вољата на Советот и дозволи парцелизација на земјиштето, со што ја отвори можноста за реализација на планот. Левица Карпош ќе ги искористи сите расположливи опции за да го блокира и овој обид за узурпација на урбаното живеење и самоволие на урбаната мафија, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он