Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Од:

Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското лице на НАТО – не како одбранбена алијанса, туку како инструмент на воена доминација и економска дисциплина. Сето тоа под диктат и во насока на, за нас, туѓите, империјални интереси на САД, велат од Леива.

– Левица го осудува поданичкиот и послушнички однос на владата на ДПМНЕ кон оваа налудничава НАТО агенда. Вон разум беше што и пред оваа одлука, Македонија веќе одвојува над НАТО минимумот – над 2,5% од БДП, за разлика од други поголеми земји кои не го исполнуваат ниту минимумот од 2%. Денес, ДПМНЕ најавува дека ќе се менуваат стратешки документи, закони и буџети – сè само за да се удоволи на новите нарачките од странски центри на моќ.

Овој самит разобличи и нешто одамна познато: дека НАТО во никој случај не е сојуз на еднакви, туку алатка на американската надворешна политика. Европа беше принудена да го зголемува воениот буџет, да се вооружува без стратегија и да ги следи американските конфликти низ светот. Ниту една одлука не беше донесена демократски, сѐ беше под диктат на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Веќе е јасно дека НАТО не е колективна безбедност, туку колективна послушност.

Одлуката државите членки да одвојуваат 5% од својот БДП за воена потрошувачка е политика која ја турка Европа, а со тоа и Балканот, кон длабока милитаризација, економско осиромашување и политичка зависност од Вашингтон.

Република Македонија, мала и сиромашна земја со ограничен државен буџет, нема апсолутно никаква корист, ниту безбедносна, ниту економска од оваа безумна воена експанзија. Во услови кога граѓаните живеат со мизерни минимални плати, здравството тоне, образованието се распаѓа, а младите се иселуваат – барањето да одвоиме 5% од нашиот веќе ограничен БДП за оружје е отворен економски и социјален напад врз нашите национални интереси.

Во оваа прилика би сакале да предупредиме на безбедосните и социјално-економските ризици од членството на Македонија во НАТО. Согласно тоа, бараме од Владата на Република Макеоднија:

Јасно и недвосмислено да се отфрли целта од 5% од БДП за воени трошоци како анти-социјална и безбедносно ризична кон државата;
Наместо купување на странски оружја, средствата да се пренасочат кон здравство, образование, екологија и домување;
Да се отвори јавна и широка дебата за улогата на Македонија во НАТО, со цел преиспитување на нашето членство.

Очигледно е дека членувањето на Македонија во НАТО државата ја претвори во евтин придружник на туѓи воени проекти. Бараме враќање на сувереното одлучување, прекин на слепото следење на странски агенди и изградба на надворешна политика што се води од националните интереси – не од амбасадите и странските емисари. Наместо 5% за туѓи интереси, бараме 100% за нашата иднина, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Руте: Земји како Бразил, Кина и Индија би можеле да бидат силно погодени од секундарни санкции

Левица: Лозарите добија понижување наместо откупна цена

Горан Наумовски

Москва: НАТО преку Молдавија планира напад на Русија

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Мециновиќ: Одмаздољубие и суета се главни мотиватори на нашиот државен врв

А1он

Левица: Непостапувањето на МВР и Тошковски заради мир во коалицијата кулминира со физички напад врз жена

Предраг Петровиќ