Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Од:

Jавно изразената поддршка на Билал Касами за кандидатот за градоначалник од ДУИ во Кичево претставува директна заштита и амнестија на криминалните мандати на Фатмир Дехари! Додека Мицкоски и провладините медиуми во паника постојано ја оцрнуваат Левица, токму оној кој ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово сега ќе го спасува Дехари од губење на власта во Кичево. Дали премиерот Мицкоски вака ќе расчистува со криминалите на ДУИ – додека неговата партија го поддржа сепаратистот Касами во Тетово, токму тој во вториот круг ќе го спасува Фатмир Дехари од губење на градоначалничката функција?! Иако ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга за понизно да ги поддржи коалициските кандидати, сепак ВРЕДИ не го поддржа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево за конечно ДУИ да отиде во опозиција во градот кој за Ахмети беше “воен плен”, велат од Левица.

„Додека Мицкоски опсесивно да ги оцрнува кандидатите за градоначалници на Левица, фактите се јасни: во Брвеница и Кичево неговите коалициски партнери директно соработуваат со ДУИ. Потсетуваме дека во општина Брвеница, кандидатот за градоначалник од ВРЕДИ повика на обединување со ДУИ во вториот круг од локалните избори.

Ваквото коленичење на ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници пред помалиот коалициски партнер е на директна штета на сите жители на Кичево – кои неколку мандати се заробени од криминалното владеење на Фатмир Дехари.

Станува јасно дека целата оркестрирана владина кампања против Левица (која доживеа историски успех овие избори во градот Скопје) е со единствена цел – дефокус од понижувањето кое го доживеа партијата на Мицкоски од сопствените коалициски партнери, кои директно одработуваат за заштита на криминалите на ДУИ, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга